ПРВА ФУДБАСКА ЛИГА ЖЕНИ
Фудбалерките на Топ гол со пораз ја започнаа пролетната полусезона во која на свој терен се поразени од екипата на Борец од Велес со резултат 3:1, полувреме 2:1.
Први во водство дојдоа гостинките во 3 минута по грешка на одбраната на Топ гол, а потоа домашните фудбалерки пропуштија неколку шанси за гол.
-Имавме голема грешка на стартот на натпреварот која се покажа дека не чинеше пораз на стартот на полусезоната. По примениот гол екипата се врати во игра но наместо ние да постигнеме голови во нападот, одбраната потфрли и примивме уште еден гол.
А таквата игра се повтори и во второто полувреме и по тешкиот терен не успеавме да постигнеме гол и да изедначиме, вели тренерот на Топ гол, Кире Грбевски.
Наредниот викенд во Битола ќе се одигра пелагониското дерби меѓу ЖФК Топ гол и ЖФК Победа ги покануваме сите љубители на фудбалот да дојдат во Недела 10.03.2013 во 12 часот на стадионот Павел Шатев (Ќумурно).

СТАРТУВААТ И ФУДБАЛЕРКИТЕ НА ТОП ГОЛ
Фудбалерките на Топ гол утре го играат првиот натпревар од пролетниот дел на натпреварувачката сезона, а како домаќини ја пречекуваат екипата на Борец од Велес ,а наптреварот ќе се игра на фудбалското игралиште Павел Шатев.
-Ја отвораме новата сезона и го играме првиот официјален натпревар оваа година. Ова е многу важен натпревар и потребна ние победа за да се вклучиме во самиот врв. Играме со противник со кој сме изедначени по квалитет и очекувам една борбена и дисциплинира игра од наша страна која ќе резултира со победа. Задоволен сум од сработеното во припремниот период иако направивме некои одстапки заради временските услови и финансиските средства .Ме охрабрува фактот дека во овој припремен период сите играчи максимално се залагаа ,а се зголеми конкиренцијата на секоја позиција. Што се однесува до составот и играчкиот кадар за овој натпревар ќе направиме мала промена во однос на местото во игра, а во стартната постава ќе има играчи и од младинскиот погон.Ние сме екипа која нема пораз на сопстевен терен и се надевам дека ќе ја продолжиме традицијата, изјави тренерот на Топ гол, Кире Грбевски.

ПРАЗНУВАЊАТА ЗАВРШИЈА, ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ
Стручниот тим на ЖФК Топ гол Битола на чело со тренерот Кире Грбевски утре на пладне во клупските простории заедно со играчкиот кадар ќе го одржи првиот состанок на кој ќе ја направи првата прозивка и ќе го означи стартот на подготовките за пролетната полусезона.
-Јануари е месец во кој се празнува и одмара но за нас е време кога треба да стартуваме со работа.На првиот состанокот на играчите ќе им посакам пријатна работа и ќе го презентирам планот и програмата за работа по која ќе се водиме до стартот на првенството.Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази, ќе користиме терен, спортска сала и фитнес центар а доколку обезбедиме и финансиска подршка заршната фаза ќе ја одработиме во некој од спортски центри кај нас или надвор од Македонија, вели Кире Грбевски.
Стартот на пролетниот дел е на почетокот на март каде екипата на ЖФК Топ гол ја пречекува екипта на ЖФК Борец од Велес.

Меѓународна фудбалска соработка
Деновиве на адреса на женскиот фудбалски клуб стигна покана за одигрување на меѓународен фудбалски натпревар во Грција.
-Женскиот фудбалски клуб од поодамна има соработка со женски екипи од соседна Грција, а деновиве имаме покана која ја очекувавме. Женскиот фудбалски клуб ПАОК од Солун ни упати покана за гостување во Грција и тоа за девојки и момчиња до 17 години или како популарно се вели У-17.
Ние поканата секако ја прифативме и останува да се договориме за датумот на одигрување на средбата. Имаме предлог за да играме за оваа седмица, но ние се уште не ги имаме започнато подготовките и не сме во фаза на одигрување на контролни средби. Се надевам дека ќе најдеме термин погоден за двете екипи и ќе ја одиграме средбата, вели Кире Грбевски, тренер на Топ гол.
Инаку и досега оваа екипа има играно натпревари во соседна Грција и тоа машката екипа со врсниците од Лерин, каде како велат од Топ гол поминале одлично и воспоставиле одлични односи.

Известување!
Почитувани,
Имаме огромна чест и задоволство да Ви соопштиме дека Фудбалската федерација на Македонија по повод Најдобрите во 2012 год. во категорија Најдобар фудбалски тренер во Женска конкуренција го номинира тренерот на ЖФК Топ гол, Кире Грбевски.Во категорија за Најдобра млада фудбалерка од редовите на ЖФК Топ гол е номинирана Стефани Скерлевска.
Изборот на Најдобри во 2012г е во четврток со почеток во 19ч30мин во Музејскиот комплекс “Македонска борба“ во Скопје.Делегација од ЖФК Топ гол ќе бидат присутни на свечената манифестација.Ова до сега е најголемо признание за ЖФК Топ гол , а е резултат на континуираната и стручна работа со младите категории во машка и женска конкуренција.

УСПЕШНА ПОЛУСЕЗОНА ЗА ТОП ГОЛ
Заврши есенскиот дел од сезоната 2012/13 за фудбалерките на Топ гол, кои ќе презимат на 6. место на табелата од вкупно 10 екипи. Со 4 победи, еден нерешен резултат и еден пораз од лидерот, а бодовното салдо на битолчанки е 13 бода, но имаат еден натпревар помалку кој поради лошите временски услови ќе се одигра напролет.
Гол разликата на оваа полусезона изнесува +5, 15 постигнати и 10 примени голови. Во 8 официјални натпревари за Топ гол вкупно настапија 20 фудбалерки сите од Битола.
-Ова е одлична полусезона и во споредба со минатиот есенски дел во сите параметри сме подобри. За разлика од минатиот во овој дел остваривме 6 бодови повеќе, имаме подобра гол разлика и играа повеќе фудбалерки. Најмногу ме радува тоа што нашата форма и квалитет како поединечно така и екипно е на многу повисоко ниво. Ние сме екипа која две години само двапати е поразена на домашен терен и тоа од лидерот, а сега победуваме и на гостински терен и тоа со екипи кои се во горниот дел на табелата. Имавме и порази, но и од нив извлековме поуки кои ќе ни помогнат во идните натпревари. Наш приоритет е развој на млади фудбалерки и во тоа успеавме во есенските квалификациски турнири на национално ниво во У17, У19 и А-селекција Топ гол исфрли 8 репрезентативки, а капитенот на У17 на Македонија е од нашите редови. Ако на ова го додадеме и тоа дека ние сме една од најмладите екипи во Македонија ова до сега е огромен успех. Стручниот штаб ќе направи детална анализа за оваа полусезона, а до крајот на годината ќе продолжиме со работа, но со намален интензитет и обем и ќе додадеме активности од забавен карактер, изјави шефот на Стручниот тим, Кире Грбевски.

1ва Македонска Женска Фудбалска Лига
НАТПРЕВАР: ЖФК ТОП ГОЛ - ЖФК Билјанини Извори
МЕСТО: Стадион Павел Шатев ( Ќумурно) Битола
ДАТУМ: 11.11.2012 (Недела)
ПОЧЕТОК: 13ч
Почитувани љубители на фудбалот во Битола, а воедно и во Македонија дојдете да уживате на еден навистина квалитетен натпревар што ќе го одиграат екипите на ЖФК Топ Гол која е непоразена на домашен терен во изминатите 10-месеци, а што се однесува до гостите екипата на ЖФК Билјанини Извори тие оваа сезона немаат ниту еден пораз но ве уверуваме дека во Недела ќе го доживеат првиот пораз од ЖФК Топ Гол и затоа ве повикуваме да дојдете на трибините и да навивате за нашите фудбалерки.

Нова победа на ЖФК ТОП ГОЛ
Речица - Топ гол 0:4 (0:1)
Нова победа на Топ гол на гостувањето во Куманово со екипата на Речица. Имено, во рамките на 6. коло битолчанки убедливо ја совладаа домашната екипа со 0:4, полувреме (0:1). Со головите на Данчева и хет-трикот на Скерлевска битолчанки прокнижија нови три бода и се искачија едно место погоре на табелата.
-Им честитам на моите фудбалерки за остварената победа, прикажаната борбена и дисциплинирана игра за време на целиот натпревар. Од самиот старт на натпреварот наметнавме силно темпо, а на противникот не им дозволивме да развијат игра. Иако постигнавме четири гола, жалам за големиот број шанси што не ги искористивме, но задоволен сум од демонстрацијата на нашиот стил на игра. Во иднина ќе мора да поработиме на ефикасноста и реализацијата. На овој натпревар шанса добија и помладите фудбалерки кои беа на висина на својата задача и ги задоволија моите критериуми, изјави Кире Грбевски тренер на Топ гол.
За Топ гол настапија: Арсовска, Мицковска, Таповска, Шеровска, Тасева, Боглева, Мирчевска, Тргачевска, Ѓелевска, Данчева, Скерлевска, а уште играа: Кромидаровска, Кузевска, Е. Ристевска, Атанасовска, М. Ристевска
Наредното 7. коло Топ Гол е домаќин и го пречекува лидерот на табелата екипата на Билјанини Извори.

ЖФШ Битола го освоија шампионскиот трофеј
Во склоп на проектот за развој и популаризација на женскиот фудбал во организација на ФФМ, во кој учестувуваа и започнаа со работа 12 Женски Фудбалски Школи викендов се одиграа и завршните средби на натпреварувањето кое се одвиваше во текот на целата година.
Во битката за шампионскиот трофеј екипата на ЖФШ Битола во финалето кое се одигра во Македонски Брод ја совлада екипата на ЖФШ Струга со краен резултат од 3-1 и се промовира во прв шампион во конкуренција на женските фудбалски школи.
За најдобар играч на финалниот натпревар е прогласена капитенот на ЖФШ Битола Стефани Скерлевска која постигна хет-трик на овој натпревар.Присутните гледачи беа сведоци на еден крајно возбудлив и фер дуел од страна на двете екипи и имаа можност да уживаат во фудбалските мајстории на младите девојки . Во малото финале подобра беше екипата на ЖФШ Охрид која ја совлада екипата на ЖФШ М.Брод со резултат 2:1 и го освои третото место. Пехарите за најдобрите екипи на овој одлично организиран турнир ги доделија градоначалникот на М.Брод, Милосим Војнески и Претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески.
-Само со ваква организација и соработка на сите полиња може да се подобри иднината на Македонскиот женски фудбал и ако се продолжи со заедничка и континуирана работа помеѓу ФФМ и клубовите ни престои светла иднина на женскиот фудбал изјави тренерот на шампионскиот тим, Кире Грбески .
Ова беше извонреден проект на ФФМ со кој се формираа нови клубови во кои тренираат и работат повеќе од 300 девојчиња. Проект кој и во иднина ќе се развива со помош на ФФМ која покрај на организациски план ги помогна екипите и со опрема и реквизите за непречено функционирање, а веќе две од нив пријавија и учество во Првата ЖФЛ на Македонија.

1/4 Финале КУП на Македонија - Жени
НАТПРЕВАР: ЖФК ТОП ГОЛ - ЖФК Младост
МЕСТО: Стадион Павел Шатев ( Ќумурно) Битола
ПОЧЕТОК: 14ч
Се повикуваат сите љубители на фудбалот во Македонија да дојдат и да уживаат во играта која ќе ја прикажат фудбалерките на двете екипи.
МЕСТО: Стадион Павел Шатев ( Ќумурно) Битола
ПОЧЕТОК: 14ч
Се повикуваат сите љубители на фудбалот во Македонија да дојдат и да уживаат во играта која ќе ја прикажат фудбалерките на двете екипи.
1ва Македонска Женска Фудбалска Лига
НАТПРЕВАР: ЖФК ТОП ГОЛ - ЖФК Борец
МЕСТО: Стадион Павел Шатев ( Ќумурно) Битола
ПОЧЕТОК: 13ч
Се повикуваат сите љубители на фудбалот во Македонија да дојдат и да уживаат во играта која ќе ја прикажат фудбалерките на двете екипи.
МЕСТО: Стадион Павел Шатев ( Ќумурно) Битола
ПОЧЕТОК: 13ч
Се повикуваат сите љубители на фудбалот во Македонија да дојдат и да уживаат во играта која ќе ја прикажат фудбалерките на двете екипи.
Избор на спортист за 2011 година
Во организација на Сојузот на спортови од Битола вчера во хотелот Епинал традиционално по 55ти пат се одржа манифестацијата за избор на најуспешни спортисти/ки и спортски екипи на Битола за 2011год.
Со задоволство сакаме да ве известиме дека на оваа манифестација нашиот клуб беше избран за најдобар клуб на Битола за 2011 година, а додека од нашот играчки кадар со награди се закитија капитенот Мартина Боглева ( најдобар спортист - Сениори) и голманката Ивана Михајловска (најуспешен млад спортист), во категоријата најдобар тренер за 2011 беше прогласен нашиот шеф на стручен штаб и тренер на ЖФК ТОП ГОЛ проф. Кире Грбевски.
Им честитаме на сите добитници за освоените награди и им посакуваме во новата 2012 година да постигнат уште поголеми успеси.

Фудбалерките на ЖФК Топ Гол по студено време до посакувана форма
Подготовките за стартот на пролетниот дел од натпреварувачката сезона за фудбалерките на ЖФК Топ гол Битола е во полн ек и покрај екстремно ниските температури. Воведната фаза од подготовките заврши, а сега се тренира со поголем и посилен обем на работа.
-Временските услови во голема мерка го диктираат начинот на реализирање на предвидениот план и програма. Мораме да се адаптираме на времето и според него го планираме тренажниот процес и затоа дел од тренинзите ги реализираме во сала. Задоволен сум од сработеното досега, а за пофалба е ангажирањето и мотивираноста на моите фудбалерки, се зборовите на тренерот Кире Грбевски.